Алегри во проблеми пред натпреварот со Атлетико


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јувентус утре ќе игра на свој терен против Атлетико Мадрид во реванш средбата во 1/8 финалето од Лигата на Шампионите.

Голем хендикеп за Јуве ќе биде повредата на Даглас Коста, кој ќе го пропушти утрешниот натпревар, а тоа го потврди и тренерот на Јуве, Алегри.

„Даглас Коста утре нема да настапи. Тој се повреди на денешниот тренинг“, рече Алегри.

Бразилецот за Јувентус не играше уште од 2. февруари, а освен тој утре нема да настапи ниту Алекс Сандро, Сами Кедира, Де Шиљо и Квадрадо.