Алегри: Зашто го заменив Пјаниќ? Да го поштедам од ладното


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Јувентус синоќа претрпе неочекуван пораз на гостувањето кај Јонг Бојс. Домаќините славеа со резултат од 2-1, а Старата дама поголем дел од натпреварот не изгледаше како што сме навикнати да ги гледаме.

Дибала постигна убаво гол, но се изнапромашува, додека неговиот гол за 2-2 беше поништен поради офсајт.

Ниту Миралем Пјаниќ не одигра нешто подобра партија, а после еден негов слаб прием на топката во казнениот простор на домаќините, тренерот Алегри побесна покрај аут линијата,

Тој го замени Пјаниќ во 65. минута, а после натпреварот откри зошто го направил тоа.

„Зошто го направив тоа? На теренот беше шест степени под нулата. Подобро да го поштедев со цел да биде спремен за предизвикот во сабота. Дали синтетичката подлога влијаеше на нашата изведба? На почетокот убрзавме, се створија 2-3 добри прилики. На ваков терен едноставно морате да додавате и да ја држите топката на земја“, порача Алегри.