„Алегри ќе остане со нас, нема смисла да го пуштиме“

Директор на Јувентус Бепе Марота потврди дека Макс Алегри ќе остане тренер на Старата дама.

Во последните денови имаше шпекулации за тоа дека Алегри ќе го напушти Јувентус и дека ќе го наследи Арсен Венгер, но Марота тврди дека тоа нема да се случи.

„Ова му е трета година со нас и мислам дека не е можно да замине од клубот. Алегри е одличен тактичар, не гледам причини зошто да го пуштиме да замине“, рече директорот на Старата дама.

На прашањето за Патрис Евра, дали ќе замине од клубот, Марота рече дека “се е на него“ и дека играчот има договор до лето, па не е можно да го одработи до крај.

Директорот на торинскиот клуб исто така нагласи дека се повеќе ќе смета на млалите Италијанци, и дека средниот ред е можеби најслаба алка на овој тим, што и не е чудно, со оглед дека од клубот заминаа генијалци како Пирло или Погба, кои во последните години играа важна улога.