Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Левиот бек на Јувентус, Алекс Сандро наскоро би можел да направи спектакуларен трансфер.
Според пишувањата на „Calciomercata“ за услугите на 25-годишниот фудбалер се заинтересирани клубови од Премиер лигата, особено двата од Манчестер.
Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити во блиска иднина, се подготвени да го донесат Бразилецот, кој во Јувентус пристигна во 2015. година од Порто.
Се уште не е познато колку Јунајтед и Сити ќе платат за Алекс Сандро, но јасно е дека Јувентус ќе инсистира на голем надомест, доколку воопшто и сака да го продаде.
Алекс Сандро со Јувентус има договор до летото 2020. година, а неговата вредност на пазарот се проценува на 30 милиони евра.