Алкасер постави негативен рекорд кој тешко дека некој ќе го руши


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Фудбалерите на Барселона кикснаа денес против Малага на Камп Ноу, 0:0.

    Каталонскиот клуб во текот на целиот натпревар имаше иницијатива и неколку фантастични шанси, но Камени успеа да го спаси голот на Малага. Барса овој натпревар го играше без Лионел Меси и Луис Суарез.

    Шанса од првата минута доби Пако Алкасер кој ова лето стигна како големо засилување од Барселона. Сепак шпанскиот напаѓач никако да се вклопи во тимот.

    Шпанските медиуми после натпреварот соопштија дека Алкасер постави негативен рекорд кој тешко дека некој ќе го руши. Напаѓачот на Барселона во првото полувреме до 31-ва минута не ја допре топката.