Ангола декласирана – Лазаров прв ја помина магичната граница од 100 гола на СП


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ракометарите на Македонија славеа против Ангола со 22:31 во натпревар од второто коло од групната фаза од групата Б.

Неефикасен почеток на натпреварот. Кире Лазаров и Дејан Манасков погодија за водство на Македонија, 0:2.

Дејан Манасков и Кире Лазаров постигаа нови два погодоци во серија и му донесоа водство на Македонија од 1:4 во десетата минута од натпреварот. Анголците преку Лопес и Фереира намалија на само еден негатива, 3:4.

До првото израмнување на резултатот репрезентацијата на Ангола стигна со погодоците на Хебо и Лопес, 5:5. Се играше гол за гол до 23-та минута од натпреварот, 9:9.

Македонија со трите погодоци на Гоце Георгиевски и едниот на Кирил Лазаров и на Стојанче Стоилов стигна до водство од 5 погодоци, 9:14 на полувреме. Филип Талески можеше да ја зголеми предноста на Македонија, но неговиот удар беше блокиран.

Кирил Лазаров беше најефикасниот ракометар на Македонија во првото полувреме со 5 погодоци од кои 4 беа од 7 метри. Гоце Георгиевски постигна 4, Дејан Манасков 2, Стојанче Стоилов, Никола Маркоски и Гоце Ојлески постигнаа по 1 погодок. Цело прво полувреме го избрани Кирил Колев кој запиша 6 интервенции.

 

Подобар влез во второто полувреме на Ангола. Лопез постигна 2 погодоци, а 1 Манеко за 12:14.

Никола Маркоски, Кире Лазаров(2) и Гоце Георгиевски му донесоа водство на Македонија од шест погодоци во 40-та минута, 13:19. Лазаров со два погодоци во низа донесе водство, 14:21.

Следуваше четири погодоци во низа на македонските ракометари. Два погодоци на Кире Лазаров и по еден на Филип Миркуловски и на Мартин Поповски за прва двоцифрена предност на Македонија во натпреварот, 15:25.

Голманот на Македонија, Благојче Трајковски постигна два погодоци во низа и ја врати двоцифрената предност, 18:28.

Македонија на крајот славеше со 21:32 против репрезентацијата на Ангола. Втора победа во два натпревари на СП за Македонија.

Кирил Лазаров ја предводеше Македонија до големата победа со 10 погодоци. Гоце Георгиевски натпреварот го заврши како втор стрелец во македонската репрезентација, 5 погодоци. Филип Лазаров постигна 3 погодоци, а Никола Маркоски, Дејан Манасков, Стојанче Стоилов и Благојче Трајковски постигнаа по 2 погодоци. Влатко Митков, Филип Миркуловски, Гоце Ојлески и Мартин Поповски постигнаа по 1 погодок. Голманите на Македонија имаа вкупно 11 одбрани, Кирил Колев запиша 9, а Благојче Трајковски 2 интервенции. Кај Ангола најефикасен беше Серхио Авелино Лопес кој постигна 5 погодоци.

Играч на натпреварот беше Гоце Георгиевски.