Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Андерсон ја одбил можноста да се врати во Англија.
Андерсон некогаш беше познат како играч кој би можел да има богата кариера, но 28-годишниот играч кој напредуваше во Греми, не ги исполни очекувањата и кариерата му тргна во друг пат.
Поранешниот играч на Порто и Манчестер Јунајтед во моментов настапува за бразилскиот Интернасионал и имал понуди од Англија и Кина. Но, тој ги одбил, поточно Мидлсброу, а не го интересирале и кинески пари. Исто така, се наведува дека одбил понуда и од Брага.
Тој во дресот на бразилската репрезентација запиша осум настапи, а во Манчестер Јунајтед играше многу години и постигна пет гола.