Анчелоти пред дербито стравува од Џеко: „Мораме да внимаваме на него“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во наредното коло од Серија А следува дербито под Везув помеѓу Наполи и Рома.

Се работи за два тима кои со години пробуваат да излезат од сенката на Јувентус, со тоа што за разлика од Рома, Наполитанците под водство на Анчелоти изгледаат навистина импресивно.

Најголема опасност по голот на Наполи секако че преставува Един Џеко, а за ова е свесен и самиот Анчелоти.

„Да се игра против Рома не е ниту малку лесно. Тие имаа свои успеси и падови, но поседуваат потенцијал и искуство, а доколку сакаме да ги победиме мораме на око да го држиме Џеко. Сигурно ќе биде убав и возбудлив натпревар. Ние играме добро и сакаме така да продолжиме,“ изјави Анчелот, пренесуваат италијанските медиуми.

Наполи во Серија А моментално е на втората позиција, додека Рома е тек на седмото место.