Арсенал без Белерин на Театарот на соништата


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Десниот бек на Топџиите нема да биде на располагање на Арсен Венгер во ноември.

    Ектор Белерин се повреди на тренингот во пресрет на натпреварот од Лигата на шампионите против Лудогорец во Софија, него го пропушти, но Професот ровитиот го фрли во оган во дербито на северен Лондон против Тотенхем.

    Шпанецот го одигра целиот натпревар против Спарси, имаше во финишот една добра шанса да донесе победа на Топџиите, но во тој случај јасно се виде дека нема доволно сила.

    Меѓутоа, наплатата стигна на тренингот на младата репрезентација на Шпанија. Болките беа неподносливи, и селекорот Селадес не може да смета на него во бараж натпреварот за пласман на ЕП против Австрија.

    Деталните лекарски анализи се направени денеска и констатирано е дека на Белерин се оштетени лигаментите на зглобот, дека ќе мора да мирува и за него нема фудбал во ноември.

    Тоа значи дека Арсен Венгер нема да може да смета на одличниот десен бек во натпреварот од 12 коло од Премиер лигата против Манчестер Јунајтед на 19 ноември, како ни на мечот од 5 коло од ЛШ против ПСЖ на Емирати кој директно одлучува кој ќе биде прв во групата.

    Белерин ќе пропушти уште два натпревари каде што Арсенал ќе биде домаќин – првенствениот дуел против Борнмут, како и натпреварот од Лига купот против Саутемптон.