Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Арсен Венгер испрати скаути во Турција, да го пратат поранешниот фудбалер на овој тим.
И ова лето се споменуваше дека Арсен Венгер ќе го донесе Огузан Озјакуп, неговиот поранешен фудбалер кој го продаде во 2012. година за само 500,000 фунти.
Овој фудбалер игра на средината на теренот и сега е во одлична форма во Бешикташ, па турските медиуми пишуваа дека ќе се врати во својот поранешен клуб.
Сепак, трансферот во Арсенал се одовлекуваше, а на крај ништо не се случи, па сега се пишува дека во јануари играчот повторно ќе се врати на островот.
Скаутите на Арсенал го пратат од натпревар во натпревар, ги воодушеви неколку натпревари, но вистинското прашање е дали Озјакуп ќе има место на теренот барем за 15 минути по натпревар, имајќи во предвид колкава е конкуренцијата во тимот за таа позиција.
Се пишува дека Арсенал ќе биде подготвен да понуди 20 милиони футни, колку што и го ценат во Турција.