Арсенал доведува Колумбиец и ја напаѓа титулата!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според наводите на британските медиуми, Арсенал отпочна преговори околу доведување на нов напаѓач!

Како што јавува британски “Метро“, управата на клубот од Емирати испрати луѓе во Милано, со цел да пробаат да ги придобијат Росонерите да им го продадат Карлос Бака!

Венгер е свесен дека му е потребна уште една опција во нападот доколку сака да ја нападне титулата, изгледа дека во јануари во северен Лондон може да стигне искусниот Бака.

Поранешниот напаѓач на Севиља одлично ќе се вклопи, ќе донесе со себе богато искуство со играње во шпанска Примера и италијанска Серија А, и нема сомнеж дека Топџиите ќе делуваат далеку посериозно.

Веќе некое време кружи приказна дека може да го напушти Сан Сиро во зимскиот преоден рок, а се верува дека управата на италијанскиот гигант ќе прифати на сума од 20 милиони фунти за неговите услуги.

Бака од доаѓањето во Милан во претходната година постигна 26 голови на 56 настапи во дресот на Росонерите.