До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Арсен Венгер бара фудбалери кои можат да стигнат во Арсенал во јануарскиот преоден рок.
Арсенал не препушта ништо на случајот, сака Арсен Венгер да се обезбеди од повреда, а мислејќи притоа и на иднината на клубот.
Поради тоа може да реагира во преодниот рок, а еден од играчите кој сака ги доведе во своите редови е Отавио, фудбалер на Порто кој во 2014 година стигна од Интернасионал од Бразил за 2.5 милиони евра.
Има уште пет години од договорот со Порто, а изгледа дека скаутите на Арсенал внимателно го следеа во претходните недели.
Овој 21-годишен крилен играч има отпусна клаузула од 53.5 милиони фунти, а Арсенал не е единствен кој е заинтересиран за него.
Отавио го сака и Јувентус, Борусија Дортмунд, како и Манчестер Јунајтед.
Во оваа сезона одигра 16 мечеви за тимот на Нуно Испирито Санто.














