Арсен Венгер во акција: Две големи ѕвезди примарни јануарски мети


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Арсенал октомвриската репрезентативна пауза ќе ја дочека од третата позиција. Во неделата што помина едвај го совладаа новајлијата во лигата, екипата на Барнли.

    Топџиите играат убаво, но повторно навивачите не се задоволни. Сметаат дека треба значително подобро, но прашање е и дали може со моменталниот играчки кадар.

    Во неделата очигледно беше дека многу им недостасуваат повредените играчи.

    Ценетиот Л`Екип тврди дека Топџиите со сите сили веќе во јануари ќе тргнат по Ријад Марез од Лестер, најдобриот играч од минатата сезона во Премиер лигата.

    Во летото Арсенал испрати понуда од дури 35 милиони фунти за играчот кој постигна 17 голови и забележа 11 асистенции.

    Билд ни донесува приказна дека на мета на Топџиите повторно е Хулијан Дракслер. Многумина сметаат дека германскиот репрезентавец е всушност алтернатива за Алжирецот од редовите на Лестер.

    Погледнете ги и нивните споредби со Тео Волкот, кој конечно  се буди во северен Лондон.