Арсен Венгер не се откажува од Вилшер: Тој може да биде најдобриот Англиски играч за врска


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


 

 

 

Постојат причини поради што Арсен Венгер не се откажува од поранешниот англиски репрезентативец, и голема надеж на Арсенал, Џек Вилшер.

Вилшер има уште само една година од договорот со Арсенал, но по се изгледа тој ќе остане на „Емирати“ и во годините што надоаѓаат.

Менаџерот на „Топчиите“, нема лесно да се откаже од играчот кој ги помина сите школи на Арсенал.

Иако цело лето немаше комуникација помеѓу раководството на Арсенал и Џек Вилшер, па сите мислеа дека кариерата на фудбалерот во Арсенал е готова, но најверојатно тој ќе го продолжи договорот со тимот пренесуваат англиските медиуми.

Арсен Венгер ги знае квалитетите на Вилшер и знае за што е способен играчот, па така нема да дозволи играчот кој има талент и израсна во фудбалските школи на Арсенал туку-така да си замине.