Арсен го продава репрезентативецот на Англија во Милан


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Фудбалерот на Арсенал се почесто се поврзува со Милан, ќе видиме дали е реално да се пресели на Сан Сиро.

    Џек Вилшир кој моментално е на позајмица во Борнмут би можел да го напушти Арсенал на крајот на оваа сезона.

    Се почести се трансферите од ПЛ во Серија А, можеби добри се примерите во последните неколку години на Ешли Кол и Џо Харт.

    Фудбалерот кој е под договор со Арсенал би можел да добие понуда од Милан кој бара играч од средината на теренот со искуство. Неговиот проблем е тоа што многу често се повредува.

    Во случај на добра понуда, нема сомневање дека Арсен Венгер ќе го продаде Вилшир.