Атлетико доведува „машина за голови“! 60 милиони евра спремни за трансфер бомба!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лион прифати да преговара со Атлетико Мадрид околу продажбата на Александр Лаказет!

Метата  на Ливерпул, Арсенал и Барселона се проценува дека вреди 60 милиони евра.

Ле 10 Спорт пренсува дека засега не е постигнат никаков договор, но преговорите се во тек.

Лаказет постигна 31 гол на 40 натпревари во Лига 1 во оваа сезона, но би сакале, како што тој сам вели да заигра на Висенте Калдерон.

Доколку Атлетико го сочува Гризман и успее да го доведе Лаказет, нема сомнеж дека би биле еден од главните фаворити во сите натпреварувања во следната сезона.