Атлетико и понатаму молчи, Облак спремен за голем трансфер?


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Марка објави дека додека Облак посакува нов договор, Атлетико сеуште ништо не нуди со обзир на тоа дека пред две години потпиша до 2021. година.

Облак сака повеќе пари, но во клубот засега не разсмилуваат да го наградат, па Словенецот можеби би можел да се одлучи да замине.

Атлетико не би го пуштиле за помалку од 100 милиони евра, што значи дека за негов потпис ќе застанат помалку клубови во ред.

Клубовите како Реал, Челси, Ливерпул, Барселона, Јунајтед и Јувентус имаат добро покриено голмански позиции, баш како и Манчестер Сити, па и прашање е каде би можел да заврши еден од најдобрите голмани во Европа.

Облак оваа сезона е во одлична форма на голот од Атлетик, па останува да видиме што ќе се случува во иднина.