До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Одличниот фудбалер на Атлетико Мадрид Јаник Караско денеска официјално го продолжи договорот со клубот од Висенте Калдерон.
Белгискиот репрезентативец со Атлетико потпиша нов договор кој важи до јуни 2022 година, но финансиските детали и евентуалната откупна клаузула не се изнесени во јавност.
Караско во Атлетико Мадрид стигна во минатата година од Монако, а со своите фантастични партии на себе привлече внимание на бројни европски клубови.
После денешното потпишување на новиот договор, јасно е дека за потенцијалните купувачи за Караско ќе мораат да издвојат значително голема сума на пари.















