Атлетико Мадрид има нови дресови во бојата која им носи среќа


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ако им се верува на Footy Headlines, кои ретко знаат да разочараат, тогаш веќе знаеме како ќе изгледа новиот дрес на Атлетико Мадрид за сезоната 2019/20.

Се работи за гостинската гарнитура која ќе биде во црна боја, а тоа нема да биде преголема новина за Јорганџиите бидејќи овој тим и во минатото имал вакви комбинации.

Штом го видоа овој дрес, навивачите на Атлетико се присетија на убавите времиња со обзир на тоа дека црните дресови во минатото им носеа многу среќа на Јорганџиите.

Играјќи во црни дресови, Атлетико во сезоните 2009/10 и 2012/13 ги освоија Европа лигата и Купот на Кралот кога во големото финале го совладаа Реал Мадрид на Сантијаго Бернабеу. Последен пат Атлетико имаше црни дресови во сезоната 2016/17.