“Атлетико Мадрид ни ги украде името, бојата и грбот“


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Многу внимание во шпанската јавност предизвика изјавата која ја даде директорот на баскискиот Атлетико Хавиер Алдазабал.

    Fotball Espana пренесува дека годишното собрание директорот Хавиер Алдазабал го обвини Атлетико за крадење на идентитетот, поточно изјави дека мадридскиот тим ја ископира бојата и грбот на славниот баскиски клуб од Билбао.

    „Атлетик е бренд. Денеска би било незамислило за некој да дојде и себе да се нарече „Кока Кола“ во Баскија, како што се случи пред 100 години кога Атлетико ни ја зеде нашата боја, името и грбот“, рече Алдазабал и додаде:

    „Ние сме основани во 1898 година, додека Атлетико настана во 1903 година. Новиот клуб го основаа три баскиски студенти кои што живееја во претстолнината на Шпанија по угледот на нивниот омилен клуб. Нивниот грб во 1910 година беше ист како нашиот. Тоа би било денеска невозможно, бидејќи брендот е комерцијално заштитен“, истакна директорот Билбао.