Атлетико повторно разочара – Еспањол освои бод на Висенте Калдерон


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Атлетико Мадрид одиграа 0:0 против Еспањол на Висенте Калдерон во натпревар од четиринаесетото коло од Примера.

Диего Лопез во 17-та минута му одбрани одлично на Коке. Морено пред крајот на првото полувреме имаше шанса да му донесе водство на Еспањол.

Баптистао во второто полувреме се закани по голот на Облак, но словенскиот голман не дозволи да прими погодок. Габи потоа шутираше, но тоа за Лопез беше лесен плен.

После нафрлувањето од Гаитан, Хименез шутираше непрецизно. Пет минути пред крајот на натпреварот Лопез му одбрани шут на Гризман и му обезбеди бод на Еспањол, 0:0.

Атлетико Мадрид во следното коло му гостува на Виљареал, а Еспањол на Корнеља Ел Прат ќе го пречека Спортинг Хихон.