Африкански фудбалер ги залуди Апенините: Старата дама испрати понуда за „чудото од дете“


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    За Франк Кеси веројатно не сте слушнале, а ова момче е откритие во Серија А.

    Интересно е дека добро може да игра и во одбраната и во нападот, а ги залуди Апенините на почетокот на оваа сезона.

    Талентираниот фудбалер од БСК во првите четири кола даде исто толку голови.

    На дебито два пати ја погоди мрежата на Лацио, даде гол на „Мараси“ а тогаш и против Торино. Податок за секој респект.

    Интересно е дека исто толку даде голови во минатата сезона за Чезена во 37 настапи.

    20-годишниот само што блесна на највисока сцена, а гигантите се борат за него.

    Додуша, треба да се има на ум дека примарна позиција му е во дефанзива, тоа во Чезена и настапуваше во текот на позајмицата.

    Моментално е трет на листата на стрелци, пред него се само Карлос Бака од Милан и Хосе Каљехон од Наполи.

    Интересно е дека играњето и во средниот ред не му е непознато, а го краси исклучително физичка подготвеност и одличен удар со глава.

    Манчестер Сити веќе фрли јадица за него, а Газета дело Спорт тврди  дека Јувентус веќе испрати понуда.

    Се работи за 10 милиони евра, а наводно и Милан е во игра.

    Сепак, Старата дама вови главен збор и ќе проба да го доведе веќе во јануари.