„Бака е несреќен во Милан“


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Колумбискиот напаѓач Карлос Бака дигна многу прашина во Милан бидејќи својот викенд го помина во Севиља.

    Бака поради повреда го пропушти мечот со Емполи, а слободните денови се одлучи да ги помине во Севиља каде што го гледаше својот некогашен клуб.

    Оваа вест ги разочара навивачите на Милан кои веруваат дека Колумбиецот во јануари ќе го напушти Милан.

    Тренерот на Севиља, Хорхе Сампаоли, призна дека разговарал со Бака во текот на неговата посета на Севиља, и додаде дека нема ништо против овој играч да дојде повторно во овој клуб.

    „Би било одлично кога Бака ќе се одлучи да се врати во Севиља, но тој сеуште е играч на друга екипа. Имам одлично мислење за него и верувам дека е несреќен во Милан. Сепак, ќе видиме во јануари што ќе се случи“, рече Сампаоли.