Бака е принуден да го напушти Милан

    Карлос Бака веројатно наскоро ќе замине од Сан Сиро. Тој беше на мета на многу клубови изминатото лето но реши да остане во Милано.

    Милан состави млад тим, а Бака е се почесто надвор од игра.

    И неговото однесување е пред се една од причините за Бака да замине.

    Имено Бака побарал 2 слободни дена кои му биле дадени, а првиот го искористил да го гледа мечот Севиља – Валенсија а потоа и да тренира со поранешните играчи.

    Во Милан се бесни, тој не го гледаше дуелот со Емполи, а отиде во Севиља.

    Медиумите велат дека Бака би можел да се врати наскоро во својот поранешен тим.