Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Карлос Бака во јануари би можел да направи сосема неочекуван спектакуларен трансфер.
Како што пишуваат шпанските медиуми, екипата на Барселона е заинтересирана за услугите на колумбискиот напаѓач и ќе се обиде да го доведе во јануарскиот трансфер период.
Во Барселона не се задоволни од Пако Алкасер. Иако тој е платен 30 милиони евра, се уште не постигна гол, па Барса бара други решенија.
Бака е прв избор на Барса. Тие се заинтересирани да го доведат и ќе биде многу интересно да се види што ќе се случи во овој случај.
Колумбискиот напаѓач оваа сезона одигра 13 натпревари за Росонерите и постигна шест гола, но постојано се поврзува со заминување од клубот.