Балотели не сака ниту да слушне за Клоп


    Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


    Италијанскиот напаѓач, Марио Балотели стана централна фигура во француската Лига 1.

    Балотели ова лето се пресели во Ница и на неговите крила францускиот клуб изненадува во лигата, а сега, кога е на чекор да ја „освежи“ кариерата очигледно повеќе не сака ниту да слушне за Јирген Клоп, кој го отпиша од Ливерпул.

    „Клоп воопшто не ме познава, само еднаш разговаравме. Тој ми рече да си заминам од Ливерпул и да одам на позајмица, да се докажам, а потоа да се вратам на Енфилд. Му реков, ти благодарам и збогум. Кратко“, изјави 26-годишниот Балотели.

    Балотели на најдобар можен начин ја отвори новата епизода во Франција, а до сега одигра три натпревари и постигна пет гола.