Барса го засилува бедемот со одличниот Колумбиец


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Јасно е дека Лучо Енрике има проблем со одбраната, ова момче може тоа да го реши.

    Барселона никако да ја среди одбраната како што е правилно уште  од заминувањето на легендата на клубот Карле Пујол во пензија.

    Се бара вистинско решение за дуелт со Пике, Умтити е солидна опција но е јасно дека покран нив двајца мора да постоу уште некој.

    Вермален замина, Матје ќе замине па се поставува прашаето кој може да ја „закрпи“ дупката во дупката.

    Како што пренесува шпански “Спорт“ решение може да дојде од редовите на бразилскиот Палмеирас, а во прашање е талентираниот колумбиски дефанзивец Јери Мина.

    Ова момче од Санта Фе премина во Палмеирас, селекторот на Колумбијас Хозе Пакерман му даде шанса и не погреши. Тој имено синоќа постигна и гол за својата репрезентација во меч со селекцијата на Уругвај.

    Привлече внимание на многу европски клубови, но Барселона има предност. Тие имено пробаа и во летото да го ангажираат за Б Тим, до соработка не дојде но со Палмеирас е постигнат еден договор.

    Барса во било кој момент ќе може да го доведе овој 22-годишен Колумбиец за девет милиони евра, а кога ќе ја понуди споменатата сума ќе има предност над сите останати понудувачи.

    Се очекува до наредното лето, Барселона да ја испрати споменатата сума на адреса на бразилскиот клуб и така Колумбиецот да се пресели на Ноу Камп.