До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Алеиш Видал стигна во Барселона како големо засилување, но после само година и пол дена многу веројатно ќе го напушти Ноу Камп.
Овој поранешен играч на Севиља стигна како замена за Дани Алвеш но никако не се снајде во каталонската екипа.
Неговата моментална цена се проценува на околу 12 милиони евра што ќе ги задоволи апетитите на Барселона.
Веќе сега во редот стојат Валенсија, и миланските ривали Милан и Интер кои од јануари сакаат да го видат овој играч во своите редови.
Видал веќе шест натпревари не е во протокол за натпреварите, а играчот за врска Серхио Роберто веројатно до јануари ќе мора да ја покрива оваа позиција.















