Барса и Реал на тешки искушенија во осмина финалето


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Одржан е ждребот од осмина финалето на шпанскиот куп на Кралот.

Реал Мадрид ќе игра во осмина финалето против Севиља, додека Барселона ќе ги одмери силите со Атлетик.

Алкарон ќе игра против Кордоба, Атлетико Мадрид против Лас Палмас, додека ќе биде интересно во дуелите Реал Сосиедад и Виљареал, како и Валенсија Селта.

Првиот натпревар се игра во првата недела од јануари, а реваншите се седум дена подоцна.

Барса е рекорден со 28 освоени титули на Купот на Кралот.

Титулата ја брани Барселона која во минатата година го победи Атлетик Билбао.

Купот на Кралот, осмина финале:

Лас Палмас – Атлетико Мадрид,

Алкоркон – Кордоба

Атлетик Билбао – Барселона

Реал Мадрид – Севиља

Реал  Сосиедад – Виљареал

Депортиво – Алавес

Валенсија – Селта

Осасуна – Еибар