До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Трансфер бомба ни стигнува од Шпанија – Барселона го потврди интересот за Дарио Срна!
За тоа веќе се шпекулираше по завршувањето на летниот преоден рок, а многумина сметаа дека тоа е и премногу нереално.
Пензионираниот капитен на хрватската фудбалска репрезентација може многу лесно да го напушти Шахтјор и да замине на Ноу Камп.
Тоа значи дека одличниот десен бек на 34 години ќе оствари трансфер на кариерата после 13 години поминати во Доњецк.
Порано се шпекулираше за тоа дека Срна може да добие раскин на договорот со Шахтјор, а Каталонците очајно бараат замена за Дани Алвеш кој го засили Јувентус.
На позиција десен бек одлично се снаоѓа младиот универзалец Серхио Роберто, додека Алеиш Видал целосно разочара и многу е блиску до заминување.
Ценетата Марка тврди дека директорот на Барса Роберт Фернандез потврди дека се заинтересирани за ангажман на Срина, но и неколку други, млади опции – како Хектор Белерин од Арсенал или Џошуа Кимих од Баерн.
Тоа се уште Жоао Кансело од Валенсија, и Стефан Лихштајфер од Јувентус.
Дали ќе дојде до споменатиот „награден“ раскин на договорот или Барселона ќе оди на откуп на договорот, за тие детали веројатно сеуште ќе почекаме.















