Барса сепак без важен тандем отпатува во Мадрид!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тандемот на Барса сепак не стигна на време да се опорави.

Хавиер Маскерано и Арда Туран не се на списокот на патници за претстојното дерби со Алетико Мадрид.

Иако во оваа недела почнаа со редовни тренинзи, Аргентинецот и Турчинот не се спремни за тешкото гостување на Висенте Калдерон.

Тоа значи дека Самуел Умтити ќе игра стопер заедно со Жерар Пике, додека во средниот ред ќе игра Иван Ракитиќ како што е најавено.

Мечот Атлетико – Барселона на програмата е во недела во 16:15 часот.