Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ потпиша нов договор со Барселона.
После месец дека преговарања, Ракитиќ и Барселона се договорија за соработка до лето 2021 година и по новиот договор Хрватот по сезона ќе заработува 5.5 милиони евра.
Најинтересна ставка во новиот договор е откупната клаузула од дури 125 милиони евра, што е цена која останатите клубови ќе мораат да ја платат доколку сакаат да го доведат Ракитиќ.
Иван Ракитиќ во оваа сезона често беше резервист кај Луис Енрике, но неретко добиваше шанса во првиот состав и секако може да се каже дека е важен фактор во екипата на каталонскиот клуб.
Ракитиќ во Барселона стигна од Севиља во јуни 2014 година, а досега постигна 23 голови ан 145 натпревари.