Барселона гази во Асобал – Лазаров најефикасен, Борко 10 интервенции


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Ракометарите на Барселона во осмото коло од шпанската лига славеа на домашен терен против Виља Де Аранда со 36:28.

    После првото полувреме се знаеше кој ќе биде победник на натпреварот. Каталонците го одиграа првиот дел фантастично и на полувреме заминаа со предност од 11 погодоци, 19:8. Во вториот дел ракометарите на Барселона ја одржуваа предноста и се радуваа по крајот на натпреварот. Барселона ја оствари осмата победа во осум кола во Асобал.

    Седрик Сораиндо и македонскиот капитен, Кире Лазаров ја предводеа Барселона до осмата победа оваа сезона во шпанската лига со по 6 погодоци од 8 обиди. Недесбо, Аитор и Ентрериос постигнаа по 4 погодоци. Репрезентативецот на Македонија и голман на Барселона, Борко Ристовски запиша 10 интервенции од 30 обиди на денешниот натпревар. Раул Нантес Кампос кај Виља Де Аранда беше најефикасен со 7 погодоци.