Барселона доби три нови засилувања


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Познато е дека Барселона има една од најдобрите фудбалски академии на светот.

    Каталонската екипа секогаш водеше сметка за своите играчи, а тоа секако им се исплати во минатите десетина година.

    Ла Масија веројатно во овој момент е најдобра фудбалска академија на светот.

    Барселона неодамна поткрена нов проект, а тоа  е децата од три до пет години да имаат право да одат во Ла Масија.

    Така Барселона доби три нови деца кои одма беа во центарот на вниманието на шпанските медиуми.

    Имено, од вчера нови членови на Ла Масија се децата на Лионел Меси, Џерард Пике и Луис Суарез.

    Тоа се Тиаго, Милан и Бенџамин.