Барселона „краде“ на Манчестер Јунајтед големо засилување?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челниците на Манчестер Јунајтед најавија дека на крајот на оваа сезона ќе доведат неколку звучни засилувања со цел да се вратат во самиот врв на европскиот фудбал.

Речиси е сигурно дека својата кариера на Олд Трафорд ќе ја продолжи Антоан Гризман, но Јунајтед покажа голем интерес и за играчот за врска на Монако, Бернандо Силва.

Црвените ѓаволи веќе го контактираа агентот на овој фудбалер, и порачаа дека сакаат да го доведат на крајот на оваа сезона.

Сепак, според пишуваат на шпанските медиуми оваа зделка на Јунајтед може да ја расипе Барселона.

Имено, Каталонскиот клуб бара играч кој ќе биде достојна замена за Андреес Иниеста кој е на залезот на кариерата.

Наводно, Барса токму во Бернандо Силва гледа играч кој ќе биде иднина на овој клуб.

Силва во вторникот одигра одличен меч во поразот на Монако од Манчестер Сити (5:3), и покажа дека се работи за одличен играч.

Доколку Монако се одлучи да го пушти на крајот на оваа сезона треба да заработи околу 70 милиони евра.