Барселона не успеа да го доведе десниот бек на Депортиво


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


После што со повреда се здоби Алеиш Видал челниците на Барселона добиле дозвола од Фудбалскиот сојуз на Шпанија до крајот на овој месец  да доведат десен бек.

Во шпанските медиуми во последно време доста се шпекулира за тоа дека Барселона ќе го доведе играчот на Депортиво, Хуанфран.

Пред неколку дена се појави информација дека трансферот е завршен, и дека само се чека уште официјална потврда.

Сепак, се чини дека од доаѓањето на Хуанфран на Ноу Камп нема да биде ништо.

Денеска се огласи претседателот на Депортиво, Тино Фернандез, кој изјави дека Барселона не испрати понуда за Хуанфран.

„Јуанфран во Барселона? Постојат мали шанси за тоа да се случи. Одговорно ви кажувам дека сум немал никаков контакт со Барселона во врска со Хуанафран“, рече Фернандез.