Барселона се огласи после приказната дека Меси одби договор


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Шпанска Марка денеска објави дека Лионел Меси одби продолжување на договорот со Барселона.

    Познато е дека оваа новинарска куќа е поврзана за Реал Мадрид, но оваа вест успеа да ги здрма навивачите на Барселона.

    Каталонскиот клуб се одлучи да се огласи после се тоа, и челниците на клубот порачаа дека денешната вест на Марка е само обичен обид за одмазда.

    „Насловната на Марка дека Меси нема да го продолжи договорот е одмазда бидејќи тој не сакаше да присуствува на церемонијата на најдобрите играчи за минатата сезона.

    Поради бројни причини одбивме да присуствуваме таа ноќ и сега пробуваат да ни вратат. Не е вистина дека Меси одби потпишување на својот договор“, порачаа од Барселона.

    Од каталонскиот клуб порачаа дека нема да ја тужат Марка поради лажната вест, но додадоа за новинарите од оваа куќа да се запрашаат зошто никогаш нема да имаат изјави од играчи на Барселона.