Барселона си поигра со Силкеборг – Кирил Лазаров најдобар кај каталонците


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Ракометарите на Барселона славеа со 34:19 против Силкеборг во осмото коло од групната фаза од Лигата на Шампионите.

    Уште во првото полувреме каталонците го декласираа данскиот клуб, 18:10. Во второто полувреме повторно доминираа ракометарите на Барселона и славеа со 34:19.

    Македонскиот репрезентативец, Кирил Лазаров постигна 8 погодоци и ја предводеше Барселона до денешната победа. Андерсон постигна 5 погодоци, Томас, Ривера и Мем го завршија натпреварот со по 4 погодоци. Дамгард беше најефикасен во тимот на Силкеборг со 4 погодоци.

    Барселона во следното коло го игра дербито на домашен паркет против ПСЖ, а Силкеборг во Данска ќе го пречека Веспрем.