Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Ракометарите на Барселона убедливо на домашен паркет го победија Бенидорм во натпревар од 20-то коло во Асобал, 38:28.
Каталонците првото полувреме го добија со 21:13. Во вториот дел каталонците повторно беа подобри и на крајот победија со 38:28.
Саубич и Недесбо ја предводеа Барселона со по 6 погодоци. Македонскиот најдобар ракометар, Кирил Лазаров постигна 4 погодоци, а македонскиот голман, Борко Ристовски натпреварот го заврши со 9 одбрани. Кај Бенидорм најефикасен беше Давид Хименез со 9 погодоци.
20-та победа за Барселона во исто толку натпревари во Асобал оваа сезона.