Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓
Ракометарите на Барселона славеа убедливо против Куенка со 34:15.
После првото полувреме домашните ракометари имаа водство од 8 погодоци, 16:8. Вториот дел повторно видовме доминација на ракометарите на Барселона и убедлива победа од 34:15.
Кире Лазаров со 5 погодоци ја предводеше Барселона до победа на овој натпревар. Раул Ентрериос, Валеро Ривера и Жоан Мир постигнаа по 4 погодоци. Македонскиот репрезентативец и голман на Барселона, Борко Ристовски запиша 15 интервенции од 30 шута. Пабло Вајнштејн најмногу се истакна кај гостите со 4 погодоци.
Ова е четврта победа за Барселона во исто толку натпревари, а Куенка го запиша третиот пораз оваа сезона.