Барселона ја расипува зделката на Интер?!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


     

    Изгледа дека проблемите со повредите во последната линија го запалија  алармот на Ноу Камп.

    Прво се повреди Жорди Алба и ја остави Барса со Диње на левата страна. За работите по екипата на Енрике да бидат полоши, во текот на репрезентативната пауза се повреди и десниот бек Серхи Роберто.

    Двајцата ќе отуствуваат некое време од теренот, а посебно “полоша“ е десната аут линија. Роберто беше речиси единствено решение бидејќи на Алеиш Видал повеќе не се смета.

    Барса нема време, спремни се за веќе во јануари да дејствуваат со цел да немаат вакви проблеми.

    Според наводите на шпански “Мундо Депортиво“, управата на Блауграната е спремна да понуди за дефанзивецот на Манчестер Јунајтед Матео Дармијан!

    Овој фудбалер го изгуби местото кај Мурињо, веќе долго се шпекулира за неговото заминување од Олд Трафорд а најреално беше негово враќање во татковината.

    Интер важеше за фаворит, неодамна во трката се клучи и Јувентус, а сега целата работа може да ја расипе Барселона.

    Делува дека се откажаа од варијантата да го доведат искусниот Лихштајнер и дека се свртија на нешто посперктивниот фудбалер на Манчестер Јунајтед.