Бартомеу соопшти кога Барселона ќе го именува новиот тренер


Турскиот "Роналдо" го предизвикува Кристијано! ↓↓↓


Убедливата победа на Барселона против Спортинг Хихон ја засени веста дека Луис Енрике на крајот на сезоната ќе го напушти каталонскиот клуб.

Енрике потврди дека на одреден период ќе се повлече од тренерската работа и во следниот период Барселона мора да бара наследник. Во последните денови се појавуваа многу имиња како кандидати, но новиот тренер ќе биде именуван на 1-ви јули.

Тоа го потврди претседателот на Барселона, Хосеп Мариа Бартомеу.

„Барселона на 1-ви јули ќе соопшти кој ќе биде нов тренер. Ние мирно и нормално ќе работиме до крајот на сезоната. После тоа ќе соопштиме кој ќе го наследи Енрике. До тогаш ќе бидеме насочени кон освојување на трофеи“, изјави Бартомеу.

Првиот човек на Барселона се насочи и за заминувањето на Енрике.

„Енрике својата одлука им ја соопшти на фудбалерите после натпреварот. Сите сме тажни бидејќи ни донесе многу успех и затоа уште може да освојува титули. После големата победа против Спортинг Хихон беше моментот за соопштување на таа одлука. Во следните три месеци ќе има подршка од сите нас“, заклучи Бартомеу.

Енрике со каталонскиот клуб освои две титули во Ла Лига, ЛШ, 2 Копа Дел Реј, суперкупот на Шпанија, суперкупот на Европа и светското клубско првенство.