Басконија по втор пат ги победи Фенербахче и Антиќ, овој пат среде Турција


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарите на Басконија го победија Фенербахче на гости во натпревар од 25-то коло во Евролигата, 74:79.

Фенербахче подобро го започна натпреварот, 7:4. Пред крајот на првата четвртина гостите од Шпанија направија серија од пет поени за водство, 18:19. Во втората четвртина се менуваа водствата на двете страни. Басконија повторно беше подобра во финишот и на полувреме замина со 8 поени предност, 35:43.

На почетокот на втората четвртина кошаркарите на Басконија за прв пат на натпреварот имаа двоцифрено водство, 35:45. Фенербахче ја намали негативата на 1 поен, но гостите повторно имаа подобра завршница, па со шест поени предност влегоа во последните десет минути од натпреварот, 55:61. Две минути пред крајот на натпреварот Басконија имаше водство од три поени, 68:71. Шпанскиот клуб го задржа водството до крајот на натпреварот и победи со 74:79.

Ларкин со 19 поени ја предводеше Басконија. Кај Фенербахче најефикасен беше Богдановиќ со 26 поени. Македонскиот кошаркар, Перо Антиќ го заврши натпреварот со 7 поени.

Девети пораз на Фенербахче оваа сезона во Евролигата.