До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Чилеанскиот голман Клаудио Браво конечно се реши да преговори за својот трансфер од Барселона во Манчестер Сити.
Тој истакна дека не го напушти клубот поради својот конкурент Штеген.
„Не заминав од Барселона поради Тер Штеген. Искрен да бидам, не сакав да седам на клупа. Тоа не е за мене и тие ме разбраа. Барселона ми понуди нов договор на четири години но јас бев искрен кон нив во некои работи. Сфатив какви се плановите на клубот и намерите со мене, поради што не сакав да потпишам нов договор и тогаш да седам на клупа“, рече Браво.















