Бедене за еден час и четири минути го победи Карловиќ


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Аљаж Бедене во четвртфиналето на АТП турнирот во Будимпешта го победи Иво Карловиќ во два сета, 2:0.

Британецот со словенско потекло во првиот сет направи брејк на стартот и потоа не дозволи изненадување на својот сервис, 6:4.

Бедене направи два брејка во вториот сет. Првиот го направи во третиот гем, 2:1, а вториот во деветиот гем кој беше и за победа на денешниот натпревар, 6:3.

Во полуфиналето на АТП во Будимпешта, британецот ќе игра со подобриот од дуелот Џере – Вердаско.