Белинели би можел да се пензионира од репрезентацијата по ЕвроБаскет 2017


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


 

31-годишниот играч на Атланта Хокс би можел да се пензионира од националниот тим откако ќе го одигра ЕвроБаскетот.

 

Во интервју кое неодамна Белинели го имаше за Gazzetta Dello Sport беше најавено дека овој ЕвроБаскет би можел да биде последното големо натпреварување на кое тој ќе се појави.

“Дали ова ќе ми биде последно големо натпреварување со Италија? Можеби. Ќе видиме што ќе се случи во иднина, но во мојот ум ова е мојот последен ЕвроБаскет. На крајот од реченицата сепак имам прашалник затоа што сакам да се фокусирам на една работа во моментов.” – изјави Белинели за италијанскиот медиум.

 

Марко Белинели нема да биде дел од репрезентацијата во квалификациите за Светското Првенство 2019 во Кина.