Бензема побарал од Перез да потпишат со Бен Арфа


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот фудбалер Карим Бензема имал интересен предлог за претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.

Според наводите на француските медиуми, искусниот напаѓач Перез предложил во клубот да го донесе Хатем Бен Арфа кој од неодамна е играч на Рен.

Бензема сметал дека Бен Арфа многу може да му помогне на Реал бидејќи се работи за фантастичен фудбалер. Меѓутоа Перез го одби неговиот предлог и официјална понуда до францускиот фудбалер нема.

Бен Арфа нема одиграно ниту еден натпревар веќе година и пол. Имаше навистина големи проблеми во ПСЖ каде имал недоразбирање и со раководството, а тоа и скапо го чинеше.

На крај успеа да се извлече. Ова лето тој стана слободен играч, а иако долго немаше играно доби голем број понуди.

На крај ги одбра Рен. Деби во овој тим ќе има за 10тина дена и ќе добие шанса повторно да изгради име во француското првенство.