Бен Симонс доби дозвола од докторите да се врати на терените


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


 

Првиот пик на драфтот од 2016 година, Бен Симонс, ја помина целата претходна сезона повреден откако на тренинг за неговиот тим од Филаделфија тој заработи скршеница на ногата.

 

Денеска докторскиот тим на Филаделфија Сиксерс му даде дозвола на Бен Симонс да се врати на нормалните тренинзи и тој може да се бави со секаква кошаркарска активност.

Тој сепак беше повреден само 3 месеци и можеше да се врати во натпреварувачка форма уште минатата сезона, но од Филаделфија решија да не ризикуваат и да го одморат.

 

Сепак, тука не завршуваат проблемите на Сиксерси бидејќи тие чекаат од повредите да се вратат уште и стартниот центар Џоел Ембиид, како и првиот пик од овогодинешниот драфт, Маркел Фулц.