Бешикташ го декласира Холстебро – Петка од Немања Прибак за данскиот клуб


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Ракометарите на Бешикташ во натпревар од петото коло од ЛШ славеа против дански Холстебро со 35:27.

    Во првото полувреме подобри беа ракометарите на данскиот клуб и славеа минимално со 15:16. Домашните ракометари со пет погодоци во серија направија предност од шест погодоци, 25:19. Пред крајот на натпреварот ракометарите на Бешикташ направија серија од три погодоци за водство од 9 погодоци. Конечни 36:27 и трета победа на Бешикташ во ЛШ.

    Рамазан Доне го предводеше Бешикташ со 8 погодоци. Фарук Вражалиќ го заврши натпреварот како втор стрелец со 7 погодоци. Македонскиот репрезентативец, Немања Прибак постигна 5 погодоци од 9 обиди. Магнус Груб Браминг кај гостите беше најефикасен со 7 погодоци.