Бејли го избра најдобриот играч на сите времиња

    Новото засилување на Манчестер Јунајтед, Ерик Бејли во интервју го откри името на најдобриот играч на сите времиња.

    Бејли минатото лето на „Олд Трафорд“ пристигна заедно со Погба, Ибрахимовиќ, Михитарјан, и за многу брзо време стана еден од најважните играчи во тимот на Жозе Мурињо.

    Поранешниот играч на Виљареал во интервју за клупската страница откри интересни работи.

    Прво изјави дека Дидиер Дрогба е најдобар африкански фудбалер на сите времиња, а најдобар играч на сите времиња за него е Зинедин Зидан.

    Исто така Бејли го откри и најдобриот гол кој Зидан го постигна за Реал Мадрид, а тоа според него е голот против Баер во 2002. година.